Владината делегација премиерот Никола Груевски во рамки на чествувањата на Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, денеска ќе го посетат вечното почивалиште на свети Кирил во црквата Сан Клементе во Рим и ќе присуствуваат со молебенот со кој ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан.
Во Рим синоќа по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители се одржа традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.
Во рамки на културната манифестација, која беше свечено отворена од премиерот, е поставена и изложба на автентични македонски копаничарски дела.
Премиерот Груевски во своето обраќање истакна дека Република Македонија и годинава, по 47-ми пат дава свој придонес во чествувањето на големите словенски просветители, потврдувајќи ги уште еднаш добрите врски меѓу Република Македонија, Ватикан и Република Италија.
Во рамки на манифестацијата се обрати и министерката за култура Елизабета Каческа – Милевеска, која истакна дека на изложбата се презентирани врвни уметнички дела на 11 автори, современи охридски резбари од четири различни генерации.
Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски вчера оствари средби со поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск и со државниот секретар на Ватикан кардиналот Пиетро Паролин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



