Адо, осумгодишното момче од Брегот на слоновата коска, беше откриено во куфер, при безбедносно скенирање на багажот, во Шпанија, а сега му е дозволен престој со своите родители.
Момчето беше откриено на шпанската граница, во северната африканска енклава Сеута, на 7 мај, при обид да биде прошверцувано во Шпанија за да им се придружи на своите родители.
Тие се во Шпанија со регулиран престој, заедно со постарата ќерка, но не можеле легално да го доведат синот, затоа што според законот им фалеле 41 евро приход повеќе од тоа што остваруваат.
Имено, таткото заработува 1290 ера месечно, а според законот треба да заработува најмалку 1331 евро за да може да го доведе целото семејство во Шпанија.
Според извештајот на шпанската новинска агенција Ефе, таткото платил 5.000 евра на луѓе да му обезбедат легални документи да го доведе синот да живее со нив. Тој тврди дека не знаел дека Адо ќе биде шверцуван во Шпанија и тоа скриен во куфер.
Властите дозволиле момчето да престојува со родителите додека завршат испитувањата на ДНК тестот, за да се покаже роднинската врска, а потоа таткото се соочува со криминално обвинение затоа што подмитил луѓе да му го доведат синот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



