| четврток, 6 декември 2018 |

Прекувремената работа нема ефект

stresПрекувремената работа и пратечкиот стрес можат да предизвикаат несоница која ќе ја забави работата на мозокот, што практично значи дека само ќе не уназади.

Тоа е така бидејќи веќе голема количина на работни обврски ве затрупала, велат експертите. Истражувањето покажа дека луѓето кои премногу работат, повеќе од 55 часа недело, имаат многу лоши резултати во решавањето на логичките задачи, како и граматичките тестови.

Од друга страна, оние кои работат 35-40 часа неделно остваруваат значително подобри резултати на тестовите со логични заклучоци.

Научниците тврдат дека во случај на претерана работа потребно е барем два пати дневно да се одвојат пет до десет минути, да се седи во мир и тишина, да се затворат очите и да се одмори од надворешниот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top