Премиерот Никола Груевски заедно со владината делегација во чиј состав е министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерката за култура Елизбета Канческа Милевска, во Ватикан, остварија средба со поглаварот на Римокатоличката црква папата Францис.
На средбата присуствуваше и црковна делегација составена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г.Стефан, владиката епископ Хераклејски, г. Климент и митрополитот на Европската епархија г. Пимен.
Средбата се одржува по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј и одбележувањето на нивната просветителска, општествена и културна дејност.

На средбата премиерот Груевски и папата Франциск ги потврдија одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Светата Столица кои се воспоставени веќе 21 година, исполнети со разбирање, поддршка и споделување на блиски историски, културни и верски вредности кои ја промовираат меѓурелигиската соработка.

Премиерот Груевски го запозна папата Франциск со повеќе области и прашања важни за Република Македонија како и со нејзините стратешки интереси за членство во НАТО и ЕУ и напорите за нејзино побрзо интегрирање. Тој ја истакна важноста за Република Македонија од поддршката која ја добива од Ватикан за остварување на стратешките интереси на државата како и развојот на културните врски и меѓурелигиските односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


