
Ова неделно утро е прилично топло. Умерена облачност има во крајните западни и северните делови од земјава. Останатите региони имаат претежно сончево утро. Во 8 часот УХМР ја измери следнава температура:
23 °С Дојран
22 °С Гевгелија
19 °С Демир Капија и Струмица
18 °С Штип и Куманово
17 °С Скопје, Прилеп и Битола
16 °С Претор и Виница
15 °С Крушево и Тетово
14 °C Крива Паланка
13 °С Дебар и Берово
11 °С Лазарополе
9 °С Маврово
Според Метеопро до крајот на денот максималната температура ќе достигне до 29°С низ местата долж вардарскиот тек, а низ останатите поголеми населени места околу 26°С.
Во втората половина од денот ќе има услови за умерен развој на нестабилна облачност во северните и западните краишта од земјава. Таа ќе донесе повремен локален дожд проследен со грмежи, но со напомена дека станува збор за процеси кои нема да имаат особен интензитет. Можен е сосема слаб развој на нестабилна облачност во околината на Кожуф планина. Во текот на вечерта можни се повремени врнежи и локално во источниот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


