| четврток, 6 декември 2018 |

Дисквалификувани евровизиските гласови од Македонија и Црнагора

evrovizija

Откако заврши јубилејното 60-то издание на Евровизија кое се одржуваше во Виена, а победи претставникот на Шведска, Монс со песната „Heroes“ беше соопштено дека биле дисквалификувани гласовите од Македонија и Црнагора.

На официјалниот профил на Евровизија на Твитер се појави информацијата дека гласовите од нашата земја и Црна Гора биле дискфаликувани поради тоа што биле само по пат на телевоутинг. Изземањето на доделените поени од двете држави не влијае на крајниот резултат, победа на претставникот на Шведска, се вели во официјалното соопштение од Евровизија. Инаку за овој скандал веќе известија и неколку познати британски медиуми. 

Според официјалната страница на Евровизија гласањето на двете земји во големото финале не е прифатено по консултација со независен набљудувач на гласањето на натпреварот, а по одлуката на Извршниот супервизор и претседателот на Референтната група.

– Во двете земји, гласовите се 100% од телевоутинг. Исклучувањето на две земји ќе биде дискутирано на следниот состанок Референтната група во јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top