| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Чави е најдобриот фудбалер во историјата што не ја добил Златната топка

Жозе Мурињо не е голем фан на Чави Ернадес, недоразбирањата меѓу нив двајцата се дамнешни, но и португалскиот стратег признава дека играчот за врска на Барселона е најдобриот фудбалер во историјата што не ја добил Златната топка.

„Го познавам Чави мошне долго, кога имаше 16-17 години и никогаш не ми беше јасно зошто ме игнорира. Кога го прашуваа новинарите за мене се правеше дека не ме познава, иако се знаевме. Затоа не сакам да зборувам за него, но јасно е дека тој е најдобриот фудбалер што не го добил признанието за најдобар играч во една сезона“, изјави Мурињо. Тој беше преведувач во Барселона, кога Чави тропаше на портите на првиот состав на каталонскиот гигант, но односите не им се најдобри.

Чави денеска ќе се прости од Барселона по 24-годишен престој во овој клуб. Сега има 35 години и тој е најтрофејниот шпански играч на сите времиња со вкупно 23 титули. Од идната сезона Чави ќе игра во катарскиот клуб Ал Сад.

Žoze-Murinjo1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top