Откако американскиот претседател Барак Обама отвори својот профил на Твитер, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони отвори свој профил на Инстаграм , кој за еден ден привлече 15.000 следбеници.
79-годишниот Берлускони откако го отовори профилот за 24 часа објави повеќе од 60 фотографии, пренесува „Индипендент“.
Меѓу фотографиите се и селфијата кои Берлускони ги снимил со својот домашен миленик, фотографија од вечера и видео во кое неговите миленици Дуду, дудина и Харли си играа со тениско топче.
На останатите фотографии Берлускони замислено гледа уметнички слики и позира со трофеите на фудбалскиот клуб Милан.
Поранешниот италијански премиер објавил и фотографии со својата 29-годишна девојка Франческа Паскале.
Неговото појавување на социјалните мрежи доаѓа по една година откако беше отфрлена пресудата за затворската казна од 7 години, на која беше осуден поради обвинувања дека имал сексуални односи со малолетна проститутка на неговите приватни бунга-бунга забави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.