Има малку држави и поединци кои храбро навлегле во водите на експерименталната економија за долгорочни мисии чии резултати успеале далекусежно да се согледаат. Во светло на децениските економски кризи, само донекаде предвидливиот пазар и монетарниот систем во чија одржливост се почесто се јавуваат сомнежи, да се радикализира економската инфраструктура на цела земја, во најмала рака подразбира енормно количество на храброст, а може да се граничи и со лудост.
Или, сепак, не?
Некои земји секако се обидоа да ги реанимираат сопствените економии со до тогаш непробани, експериментални методи. Можеби немале што да изгубат. За тоа дали успеале сведочи нивната моментна состојба, како и денешната репутација на клучните актери во овие фундаментални економски реконструкции.
На коцка на овие експерименти ги ставија сопствените кариери, но и иднината на цели нации. Анализата која е пред вас се обидува да одговори на прашањето – дали вредеше?
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Процесот на приватизација се појавил уште во времето на Античка Грција. Во раните 80-ти години од 20 век, во Обединетото Кралство почнаа да се јавуваат проблеми во врска со јавниот сектор и неговото регулирање. Власта се обидуваше со одредени мерки да дојде до решенија, меѓутоа покрај многу други проблеми, не било лесно да се најде излез.
Тогашната влада ги распродаваше „Јагуар“, „Бритиш Телеком“, остатокот од „Cable & Wireless и British Aerospace“, како и „Бритоил“ и „Бритиш Гас“. Фокусот бил пренасочен на приватизација на фирми кои пружаат основни комунални услуги. Маргарет Тачер во тоа време е лидер на опозицијата, која силно со многу агресивна кампања се залагала за поттик на приватниот сектор.
Во почетокот на 90-ите приватизацијата на јавните фирми продолжила. „Бритиш Стил“, „Бритиш Петролеум“, „Ролс-Ројс“, „Бритиш Ервејс“, водоводото и електросистемот биле меѓу главните за продажба. Овие приватизации предизвикале сериозен отпор во јавноста, веројатно доволно голем да го спречи обидот за приватизација на националните болници НХС.
Компаниите за производство на електрична енергија „Пауергрин“ и „Нешанал Пауер“, се продадени во 1996 година, кога бил приватизиран и железничкиот систем во сопственост на тогашното јавно претпријатие „Бритиш Реил“.
Маргарет Тачер била против приватизацијата на најстарата и една од најдолгите железници на светот, која подоцна многумина го опишале како катастрофален потег. Некои дестинации кои не биле исплатливи целосно биле укинати, што довело до тоа одредени делови на оваа земја да останат отсечени од другите.
Со доаѓањето на власт Тачер константно истакнувала дека приватизацијата ќе доведе до подобрување на квалитетот на услугите на јавните компании, како и дека цените на услугите ќе бидат пониски, бидејќи слободниот пазар поволно ќе влијае на целата состојба. Пред светската економска криза, извршена е приватизација на „Кралската Пошта“ и националната здравствена служба НХС.
По 2008 година, приватизирана е лотаријата и планирана е продажба на банката „Нортерн Рок“, како и други национализирани банки. Власта во неколку наврати најавила дека во понуда за продажба ќе бидат и патиштата, па дури и делови од полицијата.
Со продажбата на државната сопственост, посебно на фирми кои се бореле со преголеми трошоци, буџетот се наполнил. Владата и Челичната лејди успеале да спроведат низа економски реформи. Зголемен е ДДВ, цената на комуналните услуги и енергенти, зголемени се каматните стапки за да се намали инфлацијата, намален е данокот на приход и издвојувањата на државата за образованието.
Поголеми проблеми настанаа кога во текот на кризата приватниот сектор во голема мера ослабе. Приватниците не беа во состојба на вистински начин да ги водат овие фирми, а слободната рака на пазарот не ја обезбеди очекуваната состојба.
ЧИЛЕ
На самиот почеток на 20-от век, чилеанската Влада се најде во тешка позиција, благодарение на отворањето на Панамскиот канал дојде до пад во сообраќајот во чилеанските пристаништа поради алтернативните патишта по кои сега можел да се движи поморскиот сообраќај.
Државните приходи значително опаднале. Чилеанската економија тогаш имала околу 70 отсто од целокупниот извоз на трговија со бакар. Како што слабеела државата, се понеопходно било да се бараат алтернативи за излез од лошата состојба. Државата на САД им продала голем број на фирми кои се бавеле со рударство и се обидела да го зајакне своето стопанство со дополнителен капитал од странство.
Меѓутоа, со време се поголемото влијание на САД на стопанството на Чиле се чувствувало и на други полиња. По Првата светска војна тие станале главни увозници на стока за чилеанското подрачје. Многу брзо економијата на оваа земја во свои раце ја презела Велика Британија, станувајќи главен извор на стоки за Чиле.
Бидејќи економијата на оваа земја веќе подолго време била под влијание на други сили, а внатрешната политика не била водена соодветно, дошло време да се преземат драстични мерки. Реформите вклучувале различни закони, почнувајќи од тие кои го регулираат државниот буџет до закони за банките.
По овие реформи, Чиле успеал да ја сопре инфлацијата. Многу брзо успеале да добијат и многу поволни кредити од странство, а дошло и до нагол раст на странски директни инвестиции од многу држави.
КАНЗАС
Канзас во 2012 година се обиде да спроведе еден вид на фискален експеримент. Владата сакала со намалување на данокот на доход да ја подобри здравствената состојба во стопанството. Гувернерот Сем Бровнбек овој закон го предложил со ветување дека тој сигурно ќе доведе до економски процут.
Проблемот настанал кога останатите политики не биле насочувани во ист правец.
Очекувањата и ветувањата дека даночните повластици ќе помогнат во ширење и работа на фирмите, што ќе резултира со несекојдневен економски процут, очигледно не биле оправдани. Изгубениот профит државата не можела да го надомести и се нашла во проблеми.
Одлуката за намалување на данокот, сама по себе, без соодветно прилагодување на останатите важни фактори, довела до заостанување на оваа економија во споредба со соседните држави. Државата паднала во голем дефицит што предизвикало домино ефект, како што по обичај се случува кога е во прашање економијата.
Извор: Елементариум
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст