| четврток, 6 декември 2018 |

Седумнаесет старски домови отворени со поддршка на владините мерки

Со Владиниот проект за изградба на старски домови денеска во Сопиште почна со работа 17. Дом за стари лица во Република Македонија. Старскиот дом „Св. Петка“, е со капацитет од 21 легло, а  во моментот се сместени 14 лица.

Инвеститорот, како што истакна при денешната посета министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, искористил владини мерки, меѓу кои грантот за самовработување и 1.500 евра за дополнително вработување, одноsно грант од 4.500 евра. Ја искористиле и мерката за вработување млади лица до 29 години со која вработиле две лица.

– Новата приватна установа „Св. Петка“ отвори 10 работни места, а со зголемување на бројот на згрижени стари лица ќе се зголеми и бројот на вработени. Ќе продолжиме да го поттикнуваме привантиот сектор, приватните инвеститори да инвестираат во ваквите капацитети, а со тоа да се зголемува конкуренцијата и квалитетот за згрижување на старите лица и да се намалуваат цените, рече Спасов.

Како резулатат на владините мерки и поволности отворени се 17 Домови за стари лица, а во постапка на основање се уште четири. Во соработка со општините, министерот информира дека се продадени три локации за изградба на нови старски домови со што продолжува континуитетот за зголемување на капацитетите за згрижување стари лица во државата.

Сопственичката на Домот, Даниела Стојковска е мајка на три малолетни деца, како активен барател на работа поднела документи и добила грант за изградба на стречки дом.

– Благодарност до Владата што ми овозможи јас како невработена, мајка на три деца да вработам 10 луѓе. Се надевам дека за брзо бројката ќе се прошири, рече Стојковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top