| четврток, 6 декември 2018 |

Цветановски: Народот ја знае вистината, ја знае целта на оваа работа и знае што треба да прави

Вчеравечер во емисијата „Јади бурек“ на „Сител 3“ телевизија почесниот претседател на СОНК, Дојчин Цветановски изјави дека е убеден дека огромниот дел од народот ја знае вистината, ја знае целта на оваа работа и знае што треба да прави.

Постоечката власт исто така ја црпи и енергијата од народот и капацитетот го има за да се излезе од ситуацијава. Република Македонија во случајов ќе има сериозни економски последици – вели Цветановски.

Тој додава дека меѓународниот фактор нема да игра на карта на рушење на власта.

Знаат дека кај нас не тоа може да помине или би поминало со огромни поселдици не само за регионот туку и пошироко – смета Цветановски.

Според него Македонија е клучен дел на Балканот.

Кој ќе гласа на тие што ќе го донесат народот на дереџе, за тие што ја создале таа ситуација. Народот е многу повеќе свесен од тие што најмногу го потценуваат – вели Цветановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top