Вчера наутро околу 09,50 часот на ПС за ГП и ГН Богородица при извршени проверки било констатирано дека А.А.Е.Е.(61) од Порд Саит-Египет е предмет на Меѓународна потрага-Интерол од Каиро-Египет, за издржување на затворска казна во траење од 25 години, поради проневера и фалсификување на официјални документи во Египет.
Од страна на ОС-Велес на лицето му е одредена мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена и истиот е спроведен во КПУ Затвор-Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.