| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку затворени патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија.

Градежното Друштво „Гранит“ АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип)  известува дека ќе изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км.

Градежните активности започнаа на 21.05.2015. Планирано е целосно затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потез км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Сите активности се во согласност со одобрението за времен режим на сообраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година, издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

АД Бетон на 16.04.2015 започна со изведување на градежни работи за санација на свлечиште Маврово, кај делницата од брана Маврово до с.Маврово. Патниот правец е затворен за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца.

Сообраќајот за патничките возила се одвива според времен режим, а за тешките товарни возила и автобуси може да се одвива преку с. Леуново.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и

– и од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Од 12.01.2015 се изведуваат работи на државниот пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево. Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот и се очекува да траат до 12.06.2015 год.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top