| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Нема да прифатам лош договор за иранската нуклеарна програма

обама

Претседателот Барак Обама ја убеди еврејската заедница во САД дека нема да прифати лош договор за иранската нуклеарна програма и оти тежнее да постигне договор со кој ќе се оневозможи Техеран да се стекне со нуклеарно оружје.

– Израел треба да знае дека Америка стои зад него. Сакам добар договор, со кој ќе се пресечат сите патишта кон нуклеарно оружје. Таквиот договор ќе биде потпишан од мене – посочи Обама пред конгрегацијата на синагогата „Адас Израел“ во Вашингтон.

Тој додаде дека тоа не значи дека нема да има различни мислења меѓу владите на САД и на Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top