Свеченоста на прогласувањето на Багдад за престолнина на арапската култура се одржа викендов во централниот градски парк Заура.
На свеченоста се обратија ирачкиот премиер Нури ал Малики и лидерот на Арапската лига, Набил ал Араби.
Багдад во текот на целата година ќе биде домаќин на концерти, изложби, литературни читања и танцови изведби.
Ирачкиот главен град минатата година прослави 1250 години од своето постоење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.