Тони Михајловски ќе биде водител на популарното шоу „Танц со ѕвездите“ кое ќе почне да се емитува во викенд-термините на Македонската телевизија. Тоа ќе биде најголемо шоу досега прикажувано во Македонија.
Ќе учестуваат десет двојки – професионални танчари во тандем со познати личности од различни категории – пејачи, ТВ-водители, актери, спортисти. Тие ќе се натпреваруваат во стандардни и латино танци. Во секоја емисија ќе излегува по еден пар, а тој што ќе остане до крајот е победник и ќе ја затвори првата сезона на крајот на мај. ТВ-водителите Бранко Чуповски и Маријана Станојковска, пејачите Викторија Лоба, Аделина Тахири и Александар Белов, актерите Васил Зафирчев, Висар Вишка и Јелена Јованова и спортистите Александар Николовски и Адријана Будимир ќе почат да ги вежбаат кореаграфиите и ќе танцуваат со професионални танчери.
Адаптираното шоу таа ќе го организира во соработка со продукцијата „Дрим фактори“, а шоуто кое ќе се емитува на МТВ ќе биде меѓу 40-ина телевизии што доби лиценца од Би-Би-Си.
Партнерката – водителката на Михајловски се уште не е избрана.
За шоуто се прави и ново студио од 800 метри квадратни, со подиум за танцување од 150 метри квадратни. Ќе има и различни костими за секој натпреварувач, сценографија, светло… Ќе има и публика, покрај жирито кое ќе одлучува за победниците.
Оригиналното шоу на Би-Би-Си досега имало 15 сезони и е доста гледано и посетено, така што новогодишните шоуа од проектот се организираат на стадионот Вембли. Втората сезона на „Танц со ѕвездите“ во Македонија ќе почне во септември со нови познати лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Викторија Лоба се скара со новинарите од 1тв: Уценувате гости да дојдат во емисија, Зоки Фаци жестоко и возврати…
-
Тони Михајловски: Нивниот бал под маски, заврши. Паднаа маските
-
Поднесен обвинителен предлог против Тони Михајловски за закани за убиство на Бранко Тричковски
-
Викторија Лоба со посебна честитка за Илинден (фото)


