Светска банка ќе ја поддржи Албанија со 1,2 милијарда долари во следните пет години, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Светска банка.
Парите се доделуваат како дел од рамковното партнерство за финансирање проекти за поддршка на стремежот на Албанија за постигнување остварлив пораст и интегрирање во Европската унија.
Рамковното партнерство е поврзано со стратегиските цели на банката, вклучително борбата со сиромаштијата и е насочено кон обезбедување буџетска и финансиска стабилност во Албанија, како и стимулирање на порастот на приватниот сектор и подорбрување на управувањето во јавниот сектор на економијата, се наведува во соопштение на Светска банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија