| четврток, 6 декември 2018 |

„Одморете, сега ние ве чуваме“

Не­ма др­жа­ва во све­тот во ко­ја по­ли­ци­ја­та не е пред­мет на ди­ску­си­ја во јав­но­ста по­ра­ди „ре­пре­сив­ни­те мер­ки“ со кои се спре­чу­ва са­мо­во­ли­е­то. Но и не­ма др­жа­ва во све­тот во ко­ја по­ли­ци­ја­та е ис­ме­ва­на и ѝ се ра­бо­ти зад грб до­де­ка неј­зи­ни при­пад­ни­ци го да­ва­ат жи­во­тот за да про­дол­жи спо­ко­јот и на тие што со ка­ме­ња по­сег­ну­ва­ат по нив­ни­от жи­вот

По­ли­ци­ја­та не е ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти. Не е ни­ту Гор­да­на Јан­ку­лов­ска, ни­ту Ми­тко Ча­вков, ни­ту Љу­бе Бо­шко­ски, ни­ту Љу­бо­мир Д. Фрч­ко­ски, ни­ту кој би­ло друг ми­ни­стер. При­пад­ни­ци­те на по­ли­ци­ја­та се и ќе би­дат сто­жер на сè што со­чи­ну­ва за­шти­та на ци­ви­ли­за­ци­ски­те при­до­би­вки на со­вре­ме­но­то оп­штес­тво. По­ли­ци­ска­та уни­фор­ма не поз­на­ва ни­ту на­ци­о­нал­ност, ни­ту ре­ли­ги­ја, ни­ту, пак, по­ли­тич­ка опре­дел­ба. Неј­зи­ни­те при­пад­ни­ци се лу­ѓе од крв и од ме­со. И ср­це. За се­кој од нас, гра­ѓа­ни­те, без раз­ли­ка на на­ци­о­нал­ност, ре­ли­ги­ја, по­ли­тич­ка опре­дел­ба.

За жал, ми­на­та­та не­де­ла Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја за­гу­би осум си­но­ви бра­неј­ќи ги ци­ви­ли­за­ци­ски­те прин­ци­пи на жи­вот од на­ле­тот на ку­чи­ња­та на вој­ни­те. За жал, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја за­гу­би осум при­пад­ни­ци на по­ли­ци­ја­та. И во­деј­ќи се по нив­ни­те прин­ци­пи – со­се­ма се не­важ­ни нив­на­та по­ли­тич­ка, на­ци­о­нал­на или вер­ска при­пад­ност.

Раз­бир­ли­ва е бол­ка­та на се­кој при­пад­ник на по­ли­ци­ја­та за сво­и­те за­гу­бе­ни ко­ле­ги и на по­мис­ла­та за нив­ни­те се­мејс­тва. Но, и по­крај го­ле­ма­та тра­ге­ди­ја и за­гу­ба на сво­и­те ко­ле­ги во Ку­ма­нов­ско, мно­гу по­ве­ќе ги бо­лат фр­ле­ни­те ка­ме­ња кон нив прос­ле­де­ни со из­ви­ци­те „убиј­ци“. Но, тие „ка­ме­ња “ не оста­наа са­мо на де­нот на до­бро ор­га­ни­зи­ра­ни­те „спон­та­ни“ на­сил­ни про­те­сти пред згра­да­та на Вла­да­та. По­те­жок бе­ше ка­ме­нот фр­лен од ку­ма­нов­ско Ди­во На­се­ље.

Не­ма раз­у­мен чо­век во др­жа­ва­та што мо­же да ја раз­бе­ре по­тре­ба­та на Зо­ран За­ев на вто­ри­от ден на жа­ло­ста за за­ги­на­ти­те бра­ни­те­ли од те­ро­ри­стич­ка­та бан­да да се фо­то­гра­фи­ра нас­ме­ан на плоч­ни­кот ка­де што е про­ле­а­на кр­вта на бра­ни­те­ли­те, со чо­век што еден ден прет­ход­но им се вос­хи­ту­ва­ше на те­ро­ри­сти­те. Но, „По­ли­ци­ја­та е уби­ец“, со де­но­ви по­ра­чу­ва За­ев пре­ку сво­и­те лу­ѓе пред ин­сти­ту­ци­и­те.

 

aktuelno141-2

Гр­бот на по­ли­цај­ци­те ка­ко по­ле за мег­дан на За­ев

Ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја­та е ста­ве­на сре­де по­ли­тич­ка­та би­тка. Не са­мо ка­ко обез­бе­ду­ва­ње за да не дој­де до еска­ла­ци­ја на су­дир ме­ѓу две спро­тив­ста­ве­ни стра­ни, та­ка ка­ко што за­ста­на на не­кол­ку па­ти при по­ли­тич­ки­те тен­зии из­ле­а­ни на ули­ци­те. Овој пат по­ли­ци­ја­та за За­ев е глав­на цел кон ко­ја тре­ба да по­те­че ла­ви­на­та на опо­зи­ци­ски­те пла­те­ни­ци.

Во про­те­сти­те во ор­га­ни­за­ци­ја на СДСМ во пре­ден план беа по­ра­неш­ни­те про­фе­си­о­нал­ни аген­ти и пар­ти­ски те­па­чи. Ре­зул­та­тот на фр­ле­ни­те ка­ме­ња ма­ски­ра­ни ка­ко „мир­но изра­зен ре­волт про­тив по­ли­ци­ска­та бру­тал­ност“ беа 38 по­вре­де­ни по­ли­ци­ски служ­бе­ни­ци.

Во исто вре­ме, спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те, те­ро­ри­сти со звуч­ни ими­ња се вдо­ми­ја во Ку­ма­но­во. Исти­те тие што ги на­пад­наа по­ли­ци­ски­те служ­бе­ни­ци во ка­ра­у­ла­та Го­шин­це. На­пад што бе­ше „прет­ста­ва“ за тие што ја ка­ме­ну­ваа по­ли­ци­ја­та.

На­прег­на­то­ста про­тив по­ли­ци­ја­та со про­те­сти­те не за­ста­на ни­ту во де­но­ви­те на ак­ци­ја­та во Ку­ма­но­во, ни­ту во де­но­ви­те на жа­лост. Сè те­че­ше спо­ред пла­ни­ра­но­то, са­мо ма­ска­та е дру­га, про­дол­жи по­ни­жу­ва­ње­то ду­ри и на за­ги­на­ти­те и на по­вре­де­ни­те. До­де­ка ли­де­рот се гра­ба­ше за фо­то­гра­фи­ја по­ве­ќе во Ди­во На­се­ље до­де­ка се оп­ла­ку­ваа хе­ро­и­те, тие што фр­лаа со ка­ме­ња ги иско­ри­сти­ја ими­ња­та на осум­те­ми­на за по­втор­но да не им да­дат од­мор на уни­фор­ми­ра­ни­те бра­ни­те­ли.

Не­кој се оби­де да пра­ша зо­што За­ев не се по­чув­ству­ва до­вол­но ли­дер­ски за да ги по­се­ти по­вре­де­ни­те по­ли­цај­ци. А и што би им по­ра­чал по ка­ме­ну­ва­ње­то? Да оз­дра­ват по­бр­зо за да се вра­тат на ка­ме­ну­ва­ње? За­тоа тој за­ми­на на фо­то­гра­фи­ра­ње. По сè, она­ка чо­веч­ки, ни по­ли­цај­ци­те не­маа по­тре­ба од изра­зе­но­ со­чув­ство од За­ев.
Не­ма др­жа­ва во све­тот во ко­ја по­ли­ци­ја­та не е пред­мет на ди­ску­си­ја во јав­но­ста по­ра­ди „ре­пре­сив­ни­те мер­ки“ со кои се спре­чу­ва са­мо­во­ли­е­то. Но и не­ма др­жа­ва во све­тот во ко­ја по­ли­ци­ја­та е ис­ме­ва­на и ѝ се ра­бо­ти зад грб до­де­ка неј­зи­ни при­пад­ни­ци го да­ва­ат жи­во­тот за да про­дол­жи жи­во­тот и на тие што со ка­ме­ња по­сег­ну­ва­ат по нив­ни­от жи­вот.

Но, ту­ка, се­га, во Ма­ке­до­ни­ја, по­ли­ци­ја­та и прин­ци­пи­те за за­шти­та на по­ре­до­кот се глав­на­та цел на па­тот на СДСМ и на парт­не­ри­те во та­ка­на­ре­че­ни­те гра­ѓан­ски здру­же­ни­ја кон де­ста­би­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та. За­тоа е и омра­за­та со ко­ја се пој­де кон нив. Во нив­но­то ели­ми­ни­ра­ње За­ев гле­да отво­рен па­тот за бег­ство­то од суд­ски­от про­цес за „Пуч“.

За­тоа и тие што под­мол­но ги тур­ка­ат анар­хи­сти­те со ши­ро­ко отво­ре­ни зе­ни­ци на­пред, за вре­ме на по­ли­ци­ска­та ак­ци­ја про­тив те­ро­ри­сти­те ши­реа де­зин­фор­ма­ции пр­вич­но за лаж­на ак­ци­ја, по­тоа за уби­е­ни ци­ви­ли, ка­ко и оми­ле­но­то „кр­ше­ње на чо­ве­ко­ви­те пра­ва“ од стра­на на по­ли­ци­ја­та.

 

За бра­ни­те­ли­те со по­чит

Но Ма­ке­до­ни­ја не е тоа. Ма­ке­до­ни­ја не се две­те ил­ја­ди за­не­се­ни­ци анар­хи­сти во­де­ни од нас­лед­ни­ци­те на тие што ма­цаа во ма­ста на Ма­ке­дон­ци­те што ле­ле­каа под олов­на­та чиз­ма. Де­неш­на­та Ма­ке­до­ни­ја се спло­ти во од­да­ва­ње ви­стин­ска под­др­шка и по­чит кон тие што ѝ го шти­тат ми­рот. Да од­да­де приз­на­ние за тие што со жи­вот пла­ти­ја за неј­зи­ни­от жи­вот. И тие што се се­ко­гаш под­го­тве­ни за тоа.

Ма­ке­до­ни­ја знае што зна­чи по­ли­ци­ја. Ма­ке­до­ни­ја па­ме­ти што зна­чеа без­бед­нос­ни­те си­ли и пред 15 го­ди­ни. Ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја не доз­во­ли тоа да се по­вто­ри. Ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја оста­ви свои жр­тви за да не доз­во­ли ни­ту ед­на не­по­треб­на ци­вил­на жр­тва. Ку­ќи­те ќе се об­но­ват, ште­ти­те ќе се по­пра­ват. А, ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја по­втор­но ќе би­де ту­ка да ја чу­ва вре­ва­та во Ди­во На­се­ље. Ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја по­втор­но ќе би­де се­ка­де ка­де што е по­треб­на во функ­ци­ја на за­чу­ву­ва­ње на жи­во­тот.

Ток­му за тоа по­ве­ќе од 70.000 Ма­ке­дон­ци низ це­ла­та др­жа­ва по­чув­ству­ваа по­тре­ба да им по­ка­жат на при­пад­ни­ци­те на по­ли­ци­ски­те си­ли де­ка не се са­ми. Ил­јад­ни­ци, гор­до и до­сто­инс­тве­но, мир­но и со долж­на по­чит, се со­браа во ре­чи­си си­те гра­до­ви низ др­жа­ва­та. Ма­сов­ност што тре­ба да го под­за­мис­ли се­кој тој што ќе се ос­ме­ли по­втор­но да по­диг­не ка­мен. Број, кој опо­зи­ци­ја­та мо­же са­мо да го со­ну­ва де­ка ќе мо­же да го со­бе­ре на ули­ца.

Без опас­ност од не­са­ка­ни ис­па­ди, ин­ци­ден­ти, без обез­бе­ду­ва­ње, Ма­ке­до­ни­ја се обе­ди­ни. Ка­ко да са­каа да ѝ по­ра­ча­ат на по­ли­ци­ја­та „од­мо­ре­те вие, се­га ние ве чу­ва­ме“. И ќе ја чу­ва­ат би­деј­ќи зас­лу­жи­ла.

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 141. број на неделникот „Република“, 15.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top