| четврток, 6 декември 2018 |

Нов закон во Франција: Супермаркетите не смеат да фрлаат вишок храна, мора да им ја дадат на сиромашните

Францускиот парламент едногласно изгласа закон според кој големите супермаркети мора да го донираат вишокот храна во хуманитарни цели, место да ја уништуваат со хемиски процеси, како што беше практика досега.

hrana

Ова е една од ретките одлуки кои француската влада ги донесе едногласно на седница минатиот четврток, пишува „Гардијан“.

– Скандалозно е да се види колку храна се фрла во кантите за ѓубре и се уништува во супермаркетите – изјави членот на социјалистичката партија Жулием Гарот, кој ја предложи оваа мерка.

Според овој закон, супермаркетите ќе бидат присилени да ја донираат во хуманитарни цели непродадената храна што може да се јаде. Супермаркетите поголеми од 400 квадратни метри ќе мора да потпишат договори со хуманитарните установи за донирање на храната.

Според статистичките податоци, Французите годишно фрлаат 20 до 30 килограми храна по лице и се проценува дека тоа годишно чини од 12 до 20 милијарди евра годишно.

Со оваа мерка владата на Франција сака да ги намали тие износи до 2025 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top