Филип Божиновски не успеа да го помине петтиот круг на „Ѕвездите на Гранд“, објави Fox.mk.
Имено, во сабота (23 мај) ќе се емитува нова емисија од петтиот круг на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во која ќе учествуваат четири натпреварувачи од Македонија.
Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ се четири македонски претставници што ќе ги бранат боите на нашата земја во петтиот круг во ова регионално шоу, но според неофицијални извори за време на снимањето на оваа емисија во публиката можеле да се забележат солзи и тага кога продукцијата соопштила дека фантастичниот Филип Божиновски се враќа во Скопје, бидејќи не продолжува во шестиот круг.
Нашиот Филип Божиновски со секоја своја изведба во „Ѕвездите на Гранд“ успеваше да го крене целиот регион на нозе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.