| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинетите демонстранти ја признаа вината

Деветтемина демонстранти што беа приведени во насилните протести на 5 мај ја признале вината.

На рочиштето што почна утрово во судот изјавиле дека никој не им вршел притисок да ја прифатат и признаат вината, ниту, пак, некој им се заканувал. Тие се обвинети за кривично дело учество во толпа.

Се очекува судот веднаш да изрече пресуда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top