Џанлуиџи Буфон е најскапиот голман на сите времиња и тоа убедливо, а во топ се четворица активни чувари на мрежата.
Легендата на светскиот фудбал Буфон го држи рекордот речиси деценија и пол, а за него Јувентус во 2001 година и плати на Парма за тоа време неверојатни 32,6 милиони евра. Инвестицијата на „старата дама“ се исплатеше, а Буфон стана еден од најдобрите голмани на сите времиња. Во Берлин на 6. јуни тој ќе има шанса со Јувентус да стане и европски првак, титула која му недостасува во боагата колекција со трофеи.
Зад него на топ-5 листата најскапи голмани е Мануел Нојер со трансфер тежок 19 милиони евра, кои Баерн му ги плати на Шалке 04 во 2011 година.
Трет е Давид Де Хеа чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед. И тој како и Нојер направи трансфер во 2011 година, а Атлетико Мадрид инкасираше 18 милиони евра.
Анџело Перуци е единствен пензиониран голман во топ-5, а трансферот од Интер во Лацио во 2000 година чинеше 15,7 милиони евра.
Листата ја затвара Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид. Јорганџиите за него уплатија 12,6 милиони евра на сметката на Бенфика пред две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.