| четврток, 6 декември 2018 |

Битолскиот театар на „Денови на Достоевски“ во Русија

НУ Народен театар-Битола на 27-ми мај во Санкт Петерсбург во рамки на големата културна манифестација „Денови на Достоевски“ ќе ја одигра претставата „Без паника“.

Според програмата на организаторот, ансамблот на НУ Народен театар-Битола најнапред ќе учествува на централното дефиле кое ќе се одржи на 24-ти мај, а потоа на 27-ми ќе биде изведена претставата „Без паника“ која наближува до бројот 50 одиграни претстави во Македонија и странство, истакна Валентин Светозарев, сценограф во битолскиот театар.

– Претставата „Без паника“ ќе ја одиграме во театарот „Достоевски“, односно во последната куќа во која живеел големиот руски писател Фјодор Михајлович Достоевски. Овој наш театарски проект е многу близок со театарот „Достоевски“ затоа што бидејќи тамошните актери исто така ја играат оваа претстава и за време на престојот во Санкт Петерсбург ќе се обидеме да договориме заеднички настап, истакна Светозарев.

Гостувањето во Русија е првиот меѓународен ангажман на битолскиот театар во оваа година, а наесен битолчани ќе гостуваат и во Израел каде ќе ја изведат претставата „Happy end“, современ текст посветен на едно еврејско семејство кој го напишал Идо Нетанјаху, а режисер е Благој Мицевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top