Третиот Меѓународен литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Даут-пашин амам заврши со врачување на фестивалската награда „Прозарт“ на српската писателка и режисерка Вида Огњеновиќ.
Наградата се доделува за придонес во развојот на современата балканска книжевност.
– Балканот, тој наш културен регион, тој разновиден сплет од секакви модификации, од митски до историски, е поле на моето книжевно истражување, традициска подлога на моите приказни, инспирација за моите јазични игри, поднебје на недоумици, успеси и загуби на моите јунаци кои најдобро ги познавам – истакна Огњеновиќ зборувајќи за своето гледање на Балканот и балканската литература.
Таа заклучи дека е тешко и можеби невозможно да се биде писател во овој дел од светот, а да не се биде балкански писател.
– Оваа награда ја сметам за членска карта за прием во тоа големо братство – рече Огњеновиќ, која им се заблагодари на преведувачите кои нејзините книги ги превеле на речиси сите балкански јазици и на издавачите што нив ги објавиле.
Одлуката за наградата ја донесе Уметничкиот совет на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“, кој го организираше издавачката куќа „Икона“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст