Актерот Николче Пројчевски на Народниот театар – Битола ќе настапи во театарот „Глоуб“ во Лондон, со што, по Огнен Дранговски, ќе биде вториот македонски актер што ќе настапи во Шекспировиот театар.
Пројчевски истакна дека е избран во конкуренција на 1.800 актери од цел свет и е единствен од Југоисточна Европа што ќе настапи во најновиот театарски проект на „Глоуб“.
– Се пријавив на отворениот конкурс, а кога ја минав првата селекција, бев контактиран од режисерите и продуцентите на театарот „Глоуб“. На нивно барање изведов неколку улоги од Шекспирови дела, поезија од Петре М. Андреевски и други актерски вештини, и ме избраа. Во Лондон ќе патувам и со познати информации кои ми ги даде колегата Огнен Дранговски кој веќе настапуваше во „Глоуб“. Верувам во успешен континуитет на македонските актери на светски познатата сцена и театар во Лондон – изјави Пројчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.