| четврток, 6 декември 2018 |

Телата на терористите пренесени во Приштина

Телата на деветтемина косовски Албанци, припадници на вооружената криминално-терористичка група, кои загинаа пред две недели во судирите со македонската полицијата во Куманово, рано изутринава околу 4 часот се пренесени во Приштина.

Директорот на косовската судска медицина Арсим Грџали изјавил дека по разговорите со роднините на убиените, повторно ќе биде извршена обдукција на убиените во полициската акција.

Датумот на нивниот погреб дополнително ќе биде соопштен откако ќе биде завршена аутопсијата, пренесуваат косовските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top