Во Театар Комедија во Скопје денеска ќе биде изведен првиот македонски мјузикл за деца со наслов „Љубовта победува се”.
Главни јунаци се децата од скопската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ кои ги играат улогите за овошјето и зеленчукот.
Останати носители на дејството се Кралот Кромид Кире Ристески, Кралицата ЈаболкоАнастасија Низамова, Учител Светлана Лукарова, Раскажувач Илина Матеска, СестраБожана Гошева, Брат Симеон Гошев и Хор Воспитувачите од градинката.
Мјузиклот е според идејата на Злата Николиќ во сценарио и режија на Афродита Кирјаковска. Автор на музиката е Борислав Јоргушески, а за костимографијата и кореографијата се погрижија Ратка Џамбазова Коцев и Ема Достинова.
Зад продукцијата се потпишува ДО РЕ МИ, гитара Виктор Захариев и координатор Лидија Поповска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст