Блокадите, заканите за блокади и изговорите не се в духот на еврпските вредности и не придонесуваат за стабилноста на регионот, соопшти македонското Министерство за надворешни работи како реакција на, како што се наведува, изјавите на странските претставници од соседството и пошироко кои се однесуваат на Република Македонија.
– Стратешка цел на Република Македонија е да се интегрира во ЕУ и НАТО. Тоа е во интерес на сите македонски граѓани, за подобра иднина, економски развој, мир и стабилност во земјата и регионот. Меѓуетничкиот соживот и почитувањето на културните, етничките, верските различности и на човековите права се темел на македонското општество и уставно уредување. Сите ние заедно сме обединети за европска иднина на Република Македонија. Неопходна е искрена соработка и недвосмислена поддршка од нашите соседи и меѓународни партнери. Сите блокади, закани со блокади и изјави за нудење на изговори против наше членство, не се во духот на европските вредности и не придонесуваат за мир и стабилност во регионот. Република Македонија ќе продолжи да работи активно на постојано зајакнување на соработката со сите наши соседи и партнери во интерес на напредок во регионот, се наведува во соопштението.
Реакцијата на МНР следува по изјавите на албанскиот премиер Еди Рама дека Албанија ќе го поддржи приемот на Македонија во НАТО отакако целосно ќе биде спроведен Рамковниот договор, како и по изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров дека Албанија и Бугарија имаат територијални претензии кон Македонија, што од Софија беше оценето како неодговорен и неприфатлив став на Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



