| четврток, 6 декември 2018 |

Фуере: Во Македонија нема слобода зашто нема геј бракови

fuere-so-bure-vo-ohrid

Евроамбасадорот Ерван Фуере, еден од најактивните поддржувачи на политиките на СДСМ, даде изјава со која иницира легализација на геј браковите во државата. Според него тоа не можело да се случи затоа што немало доволно слобода.

Граѓаните на Ирска на референдум ќе имаат право да кажат „да“ или „не“за прашањето: „Бракот може да се склучи според законот меѓу две лица без разлика на нивниот пол. Кога граѓаните на Македонија ќе имаат можност да изберат? “.

Фуере всушност прашањето за геј браковите го доведува во конотација со актуелната политичка ситуација и кажува дека геј браковите не можеле да се легализираат бидејќи имало страв и заплашување во Македонија.

den na ribarite 9

Тој не открива дали симпатиите СДСМ ги добил поради ветување за легализација на геј браковите чиј што поборник е Фуере. Неговата главна цел секогаш му била сексуалната ориентација. Постојано ги критикува ставовите на актуелната Влада за ова прашање. Фуере уште во 2010-та година не ја криеше темата на која има најголема критика кон премиерот и министрите.

Тој тогаш наведе неколку закони кои не ги рефлектираат стандардите на ЕУ, како тој за недискриминација во кој Владата не ја вклучи сексуалната ориентација на која инсистира Брисел, пишуваше Утрински весник во 2010 година.

den na ribarite 11

Фуере секогаш бил под капата на СОРОС и како сите останати кои земаат пари од касата на Милчин, работеше против македонските интереси. Но, сега, Фуере нема никаква функција, ниту пак моќ да носи било какви одлуку и ставови.

Инаку тој е познат и по тоа што не го признаваше постоењето на Македонци и македонска нација. Во 2010 година Фуере го презентираше извештајот на Европската комисија за напредоктот на Македонија во кој никаде не се спомнуваше придавката македонци.

Во извештајот за напредок на Македонија, на ниту едно место не се споменува се македонски јазик и Македонци. Наместо тоа Комисијата ја користеше формулацијата официјален јазик и граѓани на државата.

den na ribarite 10

Фуере на новинарско прашање тврдеше дека Брисел се придржува до официјална политика. За Фуере Република Македонија е БЈРМ а јазикот и нацијата е граѓани на БЈРМ.

– Акронимот кој го споменувате никогаш не се користи и нема да се користи во овие извештаи. Тука јасно стои дека ова е работен документ за Поранешна Југословенска Република Македонија. Тоа е привременото име за кое сите сте свесни – изјави Фуере.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top