Здравствените проверки се прегледи на вашата моментална здравствена состојба и често се прават од страна на вашиот општ лекар или пак специјалнист. Како што старееме така се повеќе стануваме подложни на различни здравствени состојби и болести. Со цел да се намали ризикот се препорачуваат различни здравствени тестови во различни периоди од нашиот живот, пишува „Lady book“.
Прегледи кои треба да ги направите во 20-тите и 30-тите
Бидејќи сте во пикот на вашиот живот веројатно последното нешто кое ви паѓа на памет се здравствени проблеми, сепак токму затоа здравствените тестови во овој период од животот се многу важни. Преку овие тестови вашиот општ лекар и специјалистите можат да дојдат до информации преку кои ќе проценат дали уште од сега треба да почнете да внимавате на одредните нешта со цел да спречите можна појава на одредени здравствени проблеми во иднина.
Крвен притисок
Кај кого: Општ лекар
Колку често: Барем еднаш на секои две години.
Зошто: Високиот крвен притисок нема симптоми. Сепак, тој е голем ризичен фактор кога станува збор за срцеви болести, мозочен или срцев удар. Доколку срцето е принудено да пумпа против високиот крвен притисок со години тоа може да доведе до слабеење на ѕидовите на срцето. Високиот крвен притисок исто така може да доведе до проблеми со очите и бубрезите.
Холестерол и ниво на шеќери во крвта
Кај кого: Општ лекар
Колку често: По препорака на вашиот лекар.
Зошто: Високото ниво на холестерол и/или шеќер придонесува кон ризик за развој на срцеви болести и тип 2 дијабетис. Особено кога ќе ја достигнете втората половина од триесетите години, ефектите на нездравите навики како пушење и лоша исхрана почнуваат да ги покажуваат своите ефекти. Доколку имате зголемена телесна тежина, полицистични јајници, семејна историја на срцеви заболувања или тип 2 дијабетис, можеби треба редовно да ги проверувате нивоата на холестерол и шеќер.
Гинеколошки преглед и ПАП тест
Кај кого: Гинеколог
Колку често: Еднаш во година дена или почесто во зависност од препораката на гинекологот.
Зошто: Се препорачува секоја жена која има над 18 години и некогаш имала секс на прави редовни ПАП тестови. Овој тест ги детектира промени на клетките на грлото на матката пред тие да се претворат во канцерогени клетки, кои се предивикани од ХПВ.
Гинеколошкиот преглед пак ги детектира абнормалиите на јајците и матката.
Стоматолошки преглед
Кај кого: Стоматолог
Колку често: По препорака на вашиот стоматолог во зависност од состојбата на вашата усна шуплина, заби и непца.
Зошто: Сите ние знаеме дека се препорачува да ги четкаме забите два пати на ден, да користиме забен конец и да го ограничиме внесувањето на слатка храна за добро орално здравје. Но и редовните стоматолошки прегледи исто така се важни. Дали знаевте дека лошата орална хигиена влијае не само на вашите заби, туку може да доведе и до проблеми како неисхранетост и инфекција на други делови од телото? Доколку имате каква било болка или ви крварат непцата не ја одложувајте посетата на стоматолог.
Проверка за рак на кожа
Кај кого: Вие самите, општ лекар или дерматолог
Колку често: Редовно самите правете проверки.
Зошто: Ракот на кожа најчесто може успешно да се третира доколку се детектира во рана фаза. Запознајте ја вашата кожа и редовно проверувајте ја можната појава на сомнителни и невообичаени израстоци и промени на бенките. Особено внимание обрнете на вашите раце, нозе, лице, грб, врат и рамена.
Прочитајте како да ги препознаете сомнителните промени на кожата тука. Доколку забележите каква било промена веднаш зборувајте со вашиот лекар кој ќе ви препорача какви испитувања треба да се направат.
Сексуално преносливи болести
Кај кого: Гинеколог
Колку често: По препорака на вашиот гинеколог во зависност од вашата сексуална активност.
Зошто: Најголемиот дел сексуално преносливи болести се бактериски или вирусни инфекции кои се пренесуваат од едно лице на друго преку близок телесен контакт или размена на телесни течности, вклучувајќи и пренесување од бремената жена на нејзиното бебе. Голем дел од СПБ можат да се третираат со антибиотици, но постојат и такви кои доколку не се третираат можат да доведат до сериозни здравствени проблеми вклучувајќи тука и неплодност и канцер.
Раното дијагностицирање на СПБ е особено важно, со цел лицето да добие соодветна терапија и да ги спречи здравствени проблеми кои можат да се јават поради проширување на инфекцијта. Доколку сметате дека имате висок ризик од СПБ редовно правете тестови. Се препорачува да се тестирате по незаштитен секс со нов партнер или пак доколку вашиот сексуален партнер има и други партнери.
Прегледи кои треба да ги направите во 40-тите
Во 40-тите години лесно можете да бидете обземени со кариерата и/или семејството, но важно е да не го занемарите своето здравје. Потрудете се да продолжите со редовни проверки на тестовите кои се препорачани за 20-тите и 30-тите години, но исто така правете и додатни тестови кои се препорачуваат за оваа доба од животот.
Проверка на видот
Кај кого: Офталмолог
Колку често: Секои две години за преглед за глаукома од 40 години на натака, или од 35 години па натака ако имате висок ризик од очни болести врз основа на семејната историја или други медицински состојби.
Зошто: Глаукомата е една од водечките причини за слабеење на видот, а раното детектирање може да биде контролирано со што ќе се намали оштетување на видот. Тестирањето на видот не ги детектира само можите абнормали како глаукома, туку може да идентификува промени како последица на дијабетис или пак други проблеми поврзани со видот кои можат да влијаат на вашата способност за возење, безбедноста при работа или општиот квалитет на вашиот живот.
Преглед на градите
Кај кого: Вие самите, а вашиот општ лекат може да ве упати на мамографија доколку тоа е потребно.
Колку често: Редовни само контроли.
Зошто: Важно е да ги познавате своите гради со цел да можете полесно да ги забележите промени доколку се јават. Она на што треба да внимавате се промените во големината и обликот на градите и брадавиците, како и промени на кожата на градите, како на пример црвенило, вдлабнатини, испакнатини или појава на грутки.
Доколку имате историја на рак на дојка во семејството разговарајте со вашиот општ лекар кој ќе ви препорача колку често би требало да правите мамографија.
Сепак, мамографијата може да биде помалку ефективна кај помлади жени бидејќи ткивото ви градите во воглавно покомпактно, поради што можно е да се појават бели делови на рендгенот. Ракот на дојка исто така се покажува како бел дел на рендгенот. Поради ова ракот на дојка потешко се детектира кај помлади жени. Од оваа причина во случај на ризик кај младите жени се препопрачува ултразвучно скенирање.
Специфични тестови кај лица со висок ризик од одредени хронични болести
Кај кого: Специјалист кој ќе ви го препорача општиот лекар
Колку често: Во зависност од препораката на лекарот.
Зошто: Доколку во семејството имате историја ја хронични болести, како тип 2 дијабетис, срцеви болести и сл. или пак вашата општа зздравствена сосотјба ве доведува до ваков ризик, вашиот општ лекар треба да процени колку често и што треба да тестирате. Целта на ова е да се пречи можниот развој на дадените хронични болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.