| четврток, 6 декември 2018 |

Филмска бркотница со пукање пред тунелите кај Демир Капија

Околу 16,30ч на патниот правец Гевгелија-Скопје, пред Тунелите Демир Капија, УПС од ЕБПСА-Демир Капија запреле две ПМВ (едното БМВ, а другото непозната марка) со цел да извршат контрола. Кога УПС се обидел да го легитимира возачот на ПМВ “БМВ“, застанало ПМВ “Ауди“ со рег.бр.СК-0307-АЈ, од кое излегле неколку илегални мигранти, а возачот се обидел со ПМВ да го прегази УПС. Кога УПС паѓал настрана за да го избегне ударот, од пушката бил истрелан еден куршум, по што ПМВ “Ауди“ се дало во бегство.

Патролата, веднаш се упатила по ПМВ, по што истото било пронајдено кај с.Караслари-Велес, без возачот. Во возилото биле пронајдени траги од крв, а во вратата од возилото бил пронајден еден заглавен проектил.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top