Четири лица се повредени во сообраќајка несреќа во која учествувале три автомобили која се случила вчеравечер на крстосницата на улицата „Илинденска“ и регионалниот пат Тетово-Брвеница, пишува „Курир“.
Во сообраќајката учестувале „ауди“ со тетовски таблици управувано од С.З.(29) од Непроштено, „БМВ“, исто така со тетовски таблици што го управувал 21-годишниот Х.С. од Тетово и паркирано возило „форд фиеста“, сопственост на 28-годишниот гостиварец В.А.
Во несреќата полесно повредени се двајцата возачи, како и двајца сопатници од „БМВ“, на возраст од 11 и 21 година. Сите повредени со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница, каде е задржан Х.С, додека другите повредени се пуштени на домашно лекување.
Извршен е увид и се утврдуваат причините за оваа несреќа во која вкупната материјална штета се проценува на 100 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.