| четврток, 6 декември 2018 |

Соросовата банда плаќала по 1.500 долари за најдобрата идеја за протест

Невладината организација на Џорџ Сорос побарала од специјалистите за промена на српскиот режим да регрутираат македонски студенти кои ќе ги „поттурнат“ идеите за протести, а најдобрите двајца ќе добијат награда од 1.500 долари за предавството врз нивната нација, пишува „Раша инсајдер“, повикувајќи се на весникот „Вечер“.

rusia ins

Треба да се запамети дека Македонија е важна алка во спроведувањето на „Турски тек“ на европскиот пазар, нешто на што владата на САД стоотстотно се противи.

Фактот дека СОРОС е партнер со српската група Канвас говори за поголемиот план да се поттикне превратот во стилот на Мајдан и за поширокиот конфликт во срцето на Европа, пишува Нет Прес.

Обединетите Арапски Емирати го ставаат движењето Канвас во исти ранг со Ал Каеда. Нивното потпомагање во организацијата и спроведувањето на обоени револуции ги вклучува симнувањето на Милошевиќ, Евромајдан во Украина, симнувањето на Мубарак во Египет, а некои дури и веруваат дека Канвас е вклучена и во убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов.

usaidhb54y45y54y54y54y54

Бандата која се преправа дека е невладина организација и која е тренирана за да врши симнување на власта и да исценира државни удари во светот плаќа по 1.500 долари за идеи за подобра организација на демонстрации.

Бандата е составена од Институтот Отворено општество на СОРОС, USAid (организација на ЦИА) и Форум групата (уште една невладина на СОРОС). Оваа група не само што ја поддржуваше и финансираше македонската опозициска СДСМ, туку и нивните активисти и протести уште од 2011-та година.

Канвас кој е предводен од Срѓа Поповиќ и специјализиран за ваков тип демонстрации беше ангажиран од СОРОС и и од ЦИА за да „помогне“ и во Македонија. Канвас и Срџа Поповиќ беа инструмент за создавањето хаос во Украина како и за симнувањето на Хосни Мубарак во Египет.

Членовите на Канвас имаат целосна забрана за влез во Русија, но во македонскиот главен град се добредојдени. Институтот отворено општество на СОРОС и ЦИА го ангажираа Канвас да ја заврши работата во Македонија. Канвас состави меморандум за македонските студенти (три недели пред протестите) дека најдобрите идеи ќе бидат наградени со 1.500 долари. Ова е еден од повиците на СОРОС и УСАИД за финансирање на наводно ненасилни протести кои треба да ги осмислат учесниците во школата за граѓанско општество. Во повикот наведено е дека право на пријавување имаат учениците од шесте генерации ученици тренирани од Канвас. Овој повик е од јануари годинава, непосредно пред почетокот на студентските демонстрации. Во него е наведено дека ќе бидат прифатени две идеи за протести, при што поединечен проект ќе се финансира со 1.500 долари. Рокот за пријавување е 28 јануари 2015 година, а пријавите треба да се достават кај Соња Исмаил.

Соња Исмаил е ќерка на Ѓунер Исмаил, член на СДСМ. Пред неколку години Соња Исмаил беше во фокусот поради присвојувањето на три државни стана преку нејзиниот татко коишто ги издавала со години и заработила повеќе од 300.000 евра.

Канвас стана озлогласен поради симнувањето на Милошевиќ. Но не застана тука, Канвас во неколку наврати беше ангажиран од ЦИА да организира протести во Грузија, Молдавија, МАлдивите, Либија, Египет, Украина… Канвас за прв пат се појави во Македонија во 2009-та година, кога беше јасно дека СДСМ ќе биде повторно во опозиција. Самиот Срџа Поповиќ беше присутен во Охрид за да присуствува на отворањето на „Академијата Канвас“ каде идните демонстранти и активисти ќе бидат тренирани и повикани кога ќе дојде време.

Кој ја финансираше академијата? USAid и СОРОС: Промотори беа вработените во СОРОС, Ѓунер Исмаил и Сашо Ордановски.

– На студентите им се плаќаше агресивно и беа обучувани како да протестираат во декември 2014 и јануари 2015. На 6-ти мај активистите на Канвас (СДСМ) насилно ја нападнаа полицијата, при што повредија 38 полицајци, пишува Вечер.

Канвас исто така беше вклучен и во смртта на рускиот опозиционер Борис Немцов, само неколку дена пред протестот на опозицијата. Целта е да се дестабилизира ситуацијата и да се создаде внатрешен конфликт.

Денес на сите им е веќе познато дека во јануарско-февруарските настани во Киев во 2014 година учествуваа Срби и Американци како и високо квалификувани организатори на Евромајданот.

Српско-американски консултанти на киевскиот Евромајдан не се задржуваат да користат веќе испробани успешни шаблони и инструкции. На пример, летоците кои беа употребувани во 2000 година во Белград, потоа во 2011 во Каиро и во Киев 2013-2014.

Во некои натписи може да се види дека Канвас добива многу американски пари, исто така се пишува и дека српската организација Отпор ја финансирале Фридом хаус, Институтот за отворено општество и Амаериканскиот институт за мир. Се укажува и дека со овие организации е поврзан и Канвас.

Прво Отпор, а потоа и Канвас не само да се спомнуваат во преписка на соработници на Стратфор, туку тие и одржуваат тесни врски со Стратфор, со банката Голдман сакс и Владата на САД. Жената на лидерот на Канвас, една година работела во Стратфор, од март 2010 до март 2011 г.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top