| четврток, 6 декември 2018 |

МНТ гостува на Интернационалниот театарски фестивал во Анталија

Македонскиот народен театар (МНТ) гостува во Турскиот национален театар – Државен театар од Анталија, во рамките на 6. издание на Интернационалниот театарски фестивал, на 22 и на 23 мај.

zivotot na molier1

Македонскиот народен театар пред турската театарска јавност ќе ја изведе претставата Животот на Молиер“ од авторот Михаил Булгаков, а во режија на Александар Поповски.

Македонскиот народен театар е единствен учесник од Балканот на фестивалот, кој од 17 до 27 мај 2015 година се одржува во организација на Државниот театар од Анталија. Во рамките на фестивалот, покрај ансамблот на Македонскиот народен театар, ќе настапат и реномирани театари од: Индија, Русија, Романија, Норвешка, Франција, Турција.

Целта на фестивалот е воспоставување соработка меѓу Турскиот државен театар и националните театри од целиот свет како и развивање на долгорочни и креативни односи помеѓу театрите инспирирани од традицијата а кои се стремат да бидат иновативни.

По претставите ќе следуваат работилници, отворени настапи како уличен театар, балетски претстави и концерти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top