Се зголемува бројот на чуварите на демократијата. Тие добиваат поддршка од народот. Граѓаните денеска со полни кеси со прехранбени продукти дојдоа пред Собранието да им ги донесат на бранителите на изборната волја.
– Дојдовме за да им дадеме една голема поддршка на младиве и на Македонија. Тие се бранители, а ова е фантастично. Им донесовме разни продукти, храна, сокови…
– Кој колку може толку донесовме. Дојдовме да им дадеме на децата поддршка да истраат во ова бидејќи некој мора да ја брани државата и од надворешни и од внатрешни сили – велат граѓаните.

Чуварите на демократијата и на изборната волја велат дека безрезервно поддржуваат стабилна и силна Македонија, а не деструктивни сценарија и разнебитување на државата.
– Како што видовте, граѓаните повеќе пати ја искажаа својата поддршка кон кампот што е овде. Собрани сме сите, млади, стари, тука сме за да ги поддржиме новите проекти, новите реформи, изградба на нови училишта, автопатишта и сѐ останато. Тука сме за да ја одбраниме демократијата пред сѐ. Нашето срце и сета наша благодарност кон граѓаните на Македонија што дојдоа да ја искажат својата поддршка за нас – истакна студентот Мартин Темков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



