| четврток, 6 декември 2018 |

„Техникал текстил“: Задоволни сме од соработката со Владата, многу ни помага

Сопственикот на компанијата,  Џенс Вандланд, вели дека веќе почнале со носење на првите машини во Македонија. Првите 25 машини се инсталирани, а првите 50 лица се обучени во Словачка, каде што е матичната компанија.

-Во иднина ќе вработиме 200 лица, а на крај ќе има 1.000 вработувања. Моментално бараме работници, администрација и така натаму, и многу сме задоволни со работата на луѓето од Македонија. Гледаме добра иднина. Имавме дискусии и со други земји, а многу сме среќни што дојдовме во Македонија.  Моментално разговараме за нови инвестиции  и повторно ќе инвестираме во Македонија – вели Вандланд.

Првиот човек на компанијата нагласува дека ова е само почеток и мисли дека во иднина ќе направат и многу повеќе.

-Задоволни сме од соработката со Владата, многу ни помагаат. Сите институции соработуваат професионално и гледаме добра шанса и за други инвеститори. Би било супер да најдеме добри работници тука. Ако некој е заинтересиран за разните професии, може да побара на интернет на нашиот веб-сајт и би било супер да имаме многу кандидати – вели Вандланд.

Потпишаниот договор со „Техникал текстил“, инвестиција вредна 10 милиони евра, предвидува отворање 1.000 работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top