| четврток, 6 декември 2018 |

Дали треба да се пере штотуку купена облека?

Дали е неопходно да ја испереме тукушто купената облека пред да ја облечеме? Одговорот зависи од вас, поточно од тоа колку сте плашливи или гадливи.

Според мислењето на професорот по дерматологија, Доналд Белсито, кој работи на Универзитетот во Колумбија, новата облека не е доволно чиста за да ја облечеме веднаш. Формалдехидот, фабричката боја и останатите хемикалии може да предизвикаат одредени алергени реакции, но, се разбира, не се опасна закана за здравјето.

– На тој начин може да се пренесат и одредени кожени болести, лиши и габички, бидејќи вие всушност не знаете колкумина го облекле истиот фустан пред вас – истакнува д-р Белсито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top