| четврток, 6 декември 2018 |

#Протестирам – Фуере и Вице го потврдија учеството на митингот на опозицијата

vice_zaevПо објавата за организирање митинг од страна на опозицијата, реномираната и секогаш безгрешна агенција „Рајтинг“ спроведе анкета помеѓу најавените учесници на митингот околу причините за нивното незадоволство од политиката на Владата.

Вице: Ќе протестирам за да отворам нови менувачници

Во видеото што се појави на „Јутјуб“ лидерот на опозицијата, Зоран Заев, објаснува во детали како разликата во цената за легализација на земјиште во општина Струмица треба да се уплати во менувачницата на неговиот брат Вице: „Рајтинг“ контактираше со Вице за причините за неговото учество во најавениот митинг на опозицијата

– Ќе протестирам, ами како. Не може некој да објави видео каде што брат ми бара провизијата да се донесе кај мене во менувачница, а да не ми јави претходно за тоа. Па, треба ли јас да се спремам? Сега сите ми се јавуваат да донесат парички, а јас само со една менувачница. Как да постигнам?

Вице надополнува дека неможноста да отвори доволно менувачници навреме ќе се одрази и на работењето на останатите фирми на кланот Заеви. И дека во услови на режим и недостиг од слобода не е сигурен дали нивните фирми ќе успеат да надминат вредност од 12 милиони евра.

– Да бевме ние на власт, сигурно ќе имавме повеќе од 12 милиони евра – нервозно надополнува Вице.

Фуере: Не заминувам додека не го најдам бурето

Еден од најавените учесници на митингот на опозицијата е и поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере. Фуере е познат по неговите редовни посети на Охрид во рамки на традиционалните обичаи на Денот на рибарите за наоѓање на бурето со вино во Охридско Езеро.

– Длабоко верувам дека единствениот начин да има слобода во Македонија е да го најдам бурето со вино за времето на митингот на опозицијата. Со наоѓањето на бурето, ќе се ослободам јас лично, но и сите граѓани на Македонија.

По дополнително прашање од „Рајтинг“ од каде му се информациите на поранешниот амбасадор дека има буре кое треба да биде пронајдено, Фуере одговара

– Господинот Заев лично ме информираше дека режимот има сокриено буре со вино и дека во нелегално прислушуваните разговори кои ќе ги објави на прес-конференција со број 327 ќе ја открие вистината за бурето и за виното.

Безгрешната агенција „Рајтинг“ им посакува многу успех на Вице и на Фуере во реализација на нивните несебични заложби за враќање на слободата во Македонија.

Слободоумен

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.  

Слободоумен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top