Во новиот број на Република ќе читате:
Пораката е испратена, Македонија ќе победи
90.000 „да“ за силна Македонија
Граѓаните ја испратија пораката – Македонија е силна! Неколку десетици илјади граѓани застанаа зад својот избор. Залудни се обидите за пребројување, залудни се обидите да се минимизира значењето на бројноста на народниот собир. ВМРО-ДПМНЕ како лидер на владејачката коалиција во Република Македонија отворено застана зад организирањето на собирот. Повеќе од 90, 100 или над 100 илјади граѓани го повторија својот избор. На ВМРО-ДПМНЕ и нејзината политика не им се потребни затскривања зад таканаречени граѓански организации кои, финансирани од главниот извор на политичките фрустрации – Отвореното општество на Владимир Милчин, ја тераат агендата на СДСМ за уривање на уставниот поредок на Република Македонија.
Ниските страсти на лажната елитисти
Шлаканицата од народот најмногу боли
Шлаканицата од народот ги разбуди ниските страсти во СДСМ. На јуришниците им зовре „сината“ сдсмовска крв и во наплив на очајот го нападнаа, кого друг ако не, народот?! Неспособноста да соберат народ ги натера да се исмејуваат со истиот тој субјект кого не можат да го привлечат со своите глупости. Не 100.000, туку 500.000 луѓе за нив се овци во кафези, излезени од трло. Присутните на собирот пред Собрание имаат и семејства…
Решението на кризата е на дофат
Политичката реалност мора да се почитува
За донесување одлуки што можат да бидат третирани како „антимакедонски“ во иднина ќе мора да се праша народот, и тој што го поддржува Заев и тој што застана зад Груевски. И за тоа ќе мора да има консензус, а не празни ветувања и шарени бонбони. Без разлика дали има вистина во „конспиративните теории“ дека САД сакаат да го прекинат протокот на руски гас преку македонска територија, кога тоа не можат да го направат на грчка територија, македонските граѓани на митингот на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието јасно порачаа каква е реалноста во земјава. Првата и главна порака е дека дури и ако биде ВМРО-ДПМНЕ насилно урната од власт според „украински урнек“, во Македонија со години нема да може да се спроведе ниту една стратегиска одлука. Иако е релативно голем бројот на приврзаници што излегоа на протестот, кој Заев од граѓански, со промоција на партиска програма, го претвори во политички од интерес на една партија, не е толку важен во политичка смисла затоа што тој не е фактор што може да влијае при изборот на идна власт.
Фронтален напад по Коридор 8
Рама и Борисов „браќа по Македонија“
Еди Рама и Бојко Борисов не можеа да останат надвор од македонската каша. Двајцата премиери на земји на НАТО од Коридорот 8, секој тргнувајќи од своите интереси, директно се вмешаа во кризата и докажаа дека сликата за Македонија и четирите „волци“ во соседството не е само мит туку реална политика
Медиумско пропагандна војна
Како терористите станаа жртви?
Во случајот со Куманово, да не беше Али Ахмети кој делумно пред Албанците раскажа што точно се случувало во Куманово и околу него, Македонија ќе беше апсолутен губитник во таа, пред сè, пропагандна војна. Тие што редовно ги следат албанските медиуми во регионот и познавачите на шемата со која тие и во 1999 година и во 2001 година и сега ја добиваат пропагандната војна тврдат дека се работи за старата добра техника која што кога се има национален набој, многу сиромашни луѓе и доволно пари успешно се реализира. Што точно се случи и сè уште се случува во албанскиот јавен дискурс по настаните во Куманово?
Недостигаат работници, а не интелектуалци
Никој не сака да заварува ни за 1.500 евра
На македонските компании итно им се потребни кадри што ќе ги работат занаетчиските и техничките работи. Тие засега се дефицитарни на пазарот на труд бидејќи сè уште владее убедувањето дека се работи за валкани и слабо платени професии, па никој не се нафаќа да ги работи. Токму затоа мора да се разбие стереотипот дека се тоа ниско платени професии, за повеќе луѓе преку образование или преквалификација да се нафатат да ги работат, со оглед на тоа дека заварувач добива 500 до 1.500 евра плата, а управувач со кран или со тешки машини најмалку 600 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



