| четврток, 6 декември 2018 |

Газелек Ајачио политички неподобен за настап во Првата лига на Франција

Газелек Ајачио нема да игра во Првата француска лига, а нетрпението кон Корзиканците во Франција станува и фудбалски проблем.

Клубот од Корзика е вистински хит и со прекрасни игри на теренот во второлигашката конкуренција се избори за настап во елитата. Но, таму нема да игра по одлуката на француската федерација. Чудна, во најмала рака контроверзна, а медиумите велат и срамна.

Претседателот на француската фудбалска федерација Фредерик Тирие со чудно образложение потврди дека Газелек Ајачио нема да игра во Првата лига.

gazelek

– Незамисливо е да се играат натпревари од Првата лига на тоа подрачје. Корзиканскиот фудбал е пречка за развој на француската лига. Замислете го Златан Ибрахимовиќ како игра на Анж Казанова – изјави Тирие.

Корзика како регион е проблематичен за Франција, а луѓето од оваа област посакуваат независност. Проблемот во минатото предизвикуваше и огромни недоразбирања на релација Франција – Италија.

Газелек Ајачио е помалиот клуб од Корзика, а попознат е Ајачио. Газелек има мал стадион со капацитет од околу 3 илјади гледачи и буџет од 4,5 милиони евра, што е повеќектратно помал од сите останати француски прволигаши. Место Газелек во Првата лига, ако одлуката остане конечна ќе игра Евијан, екипа што требаше да испадне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top