| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт, славје и четврта круна во националниот куп за Работнички

Со пресврт и победа од 2-1 во финалето на националниот куп на Македонија екипата на Работнички се закити со четвртата круна.

По голот на Чурлинов во финишот на првиот дел Тетекс беше поблиску до победа, но бранителите на пехарот направија целосен пресврт и со мајсторскиот погодок на Баже Илиоски и потоа и на Марјан Алтипармаковски по четврти пат се победници во купот.

Подвигот на „романтичарите“ е за респект, бидејќи сите 4 титули во најмасовното натпреварување ги освоија во последните 8 години.

Со тоа тие се втората најуспешна екипа кај нас, зад Вардар кој има 5 куп трофеи.

rabotnicki-pobednik-na-kupot-9

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top