Директорот на агенцијата “Канвас“, Срѓа Поповиќ, во март и април годинава три пати дошол од Белград во Скопје за да надгледува, управува и советува во процесот на објавувањето на прислушкуваните разговори, но и да организира протести, објави “Вечер“.
Вчера, „Сител“ објави дека Поповиќ и неговата екипа експерти за организација на државни удари, во арапскиот свет се прогласени за терористичка организација и се наоѓаат на црните листи заедно со Ал Каеда, Боко Харам и Муслиманско Братство. Методите кои “Канвас“ ги користеше кога ги правеше превратите во Украина, Грузија, Египед, Либија и Малдиви може да се видат и во Македонија. Насилството врз полицијата кое изгледа идентично како она во Украина, иконографијата на протестите, планската психолошка војна во која граѓаните треба да го изгубат чувството на стабилност, се методи извадени од книгите на Џин Шарп, по кои се гледа дека токму „Канвас“ стои зад дестабилизацијата на Македонија.
„Вечер“ пишува дека активностите на оваа група во Македонија почнуваат во 2009-та кога за прв во Охрид лично Поповиќ на активисти на Фондацијата Сорос им држел обука за организацирање на протести. Подоцна преку организацијата “Форум“ на Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски, која е главен експонент на „Канвас“ во Македонија, обучените им држат обуки на нови активисти, прикриени зад називот на “Школа за активно граѓанство“.
Информациите до кои стигнал “Вечер“ велат дека во декември 2014-та експертот за дрѓавни удари вработен во „Канвас“, Иван Маровиќ, обучувал одбрана група од дваесетина активисти на “Студентскиот Пленум“.
Идејата за создавање на најразличните пленуми кои на крај се приклучија на протестот на 17 мај, е токму на агенцијата „Канвас“. Освен кај пленумите, потписот на оваа организација може да се види и кај протестите за Мартин Нешковски од 2011-та и во протестите на стечајците и хонорарците.
Експертите велат дека по се изгледа протестот на 17 мај не беше организиран од СДСМ, туку од оваа група. Кампувањето на опозционерите пред Владата е исто така една од тактиките тактиките кои “Канвас“ ги применува кога за милиони долари организира преврат во некоја држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст