Европската унија треба да дејствува одлучно за да придонесе за стабилизирање на земја која има вистинска европска перспектива, порачува европратеникот Алојз Петерле, претседател на делегацијата на Парламентарната комисија на ЕУ, оценувајќи ја актуелната состојба во Македонија
Тој смета дека не треба да се потценува повоениот пост-тоталитарен, меѓуетнички и меѓуверски карактер на Балканот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
– Иницијативата да се вклучат главните политички актери во дискусиите е позитивен знак дека ние правиме се што можеме да се надмине кризата во Македонија. Нашата посветеност треба да биде широка и во согласност со мобилизација на највисоко политичко ниво, додека не се најде решение, изјави Петрле пред почетокот на дискусијата за политичката криза во Македонија во Европскиот парламент.
За напредокот на Македонија на патот на евроинтеграциите по добивањето на кандидатскиот статус, словенечкиот европратеник нагласува дека е за пример.
– Европската комисијата и Европскиот парламент предложија отворање на преговорите со Македонија девет пати по ред. Затоа сметам дека одржувањето на европската перспектива на земјата и на Балканот на вистинскиот пат е во интерес и на ЕУ, вели Петерле.
Тој посакува нерешените прашања во однос на Република Македонија да се решат за време на преговорите за пристапување, бидејќи, како што вели „чекалната” не ја обезбедува европската трансформативната моќ која е потребна за интеграција на Балканот во Европската унија.
Европратениците денес попладне во Стразбур ќе дискутираат за политичката криза во Република Македонија со Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи Федерика Могерини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.