| четврток, 6 декември 2018 |

Средношколската унија: Фрчкоски и Пендаровски со долни и приземни навреди кон сите средношколци

pendarovski 3 (Custom)


-Средношколската унија на Македонија упатува остар протест поради навредите испратени кон граѓаните кои се собраа на 18 ти мај под мотото силна Македонија, а кој беа упатени од Стево Пендаровски и Љубомир Фрчкоски –
стои во соопштението од Средношколската унија на Македонија.

Тие сметаат дека говорот на Пендаровски и Фрчкоски е некоректен и недостоен начин на комуникација.

-Средношколците како рамноправни млади луѓе во општеството кои го поддржаа големиот и масовен граѓански собир не се овци како што мислеше и асоцираше Пендаровски ниту долна класа како што прикажуваше Фрчковски. Средношколците се млада и проактивна граѓанска сила која е иднината на оваа држава. Ова се долни и приземни навреди од кој мора да се оградат и извинат. Тоа е навреда кон сите средношклци во државата – додаваат од Средношколската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top