Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар остро реагираат и ги осудуваат навредите кои ги упати Стево Пендаровски и Љубомир Фрчкоски кон народот кој ги поддржа големиот собир кој се одржа на 18 мај за силна Македонија.
-Ние како студентска организација јавно го поддржавме овој собир на кој присуствуваа над 90 илјади луѓе. Навредите од типот на асоцијации како онаа Пендаровски дека народот бил овца, или некаква долна и мизерна класа каква што сакаше да ја прикаже Фрчковски, се одлика на немање на демократски капацитет, тоталитарна матрица, и приказ за егоистичниот карактер на овие луѓе кои во желбата за власт упатуваат навреди кон сопствениот народ – велат тие.
Тие сметаат дека Фрчкоски и Пендаровски го навредија народот, ги навредија студентите кои присуствуваа и дадоа поддршка, земјоделците, чесните работници, невработените, професорите, интелектуалците, докторите, и целиот народ кој присуствуваше на собирот.
-Пендаровски и Фрчкоски треба да се повлечат од политиката, и се без никаков кредиблитет. Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар ќе ги известат сите европски институции за приземниот начин на комуникација, за ваквиот некоректен и навредлив политички речник кој создава раздор во граѓанското ткиво – додаваат Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст