Здружението на бранители БЕДЕМ ги осуди навредите искажани од Стево Пендаровски и од Љубомир Фрчковски спрема учесниците на големиот народен собир кој се оддржа во понеделникот.
–Нивните зборови се навреда кон целиот македонски народ и навреда спрема бранителите кои се бореа за слободата и стабилноста на државата, а некои и ги дадоа своите животи за слободата. Бранителите не се „овци” како што не прикажа Пендаровски, ниту некој долна класа како што потценувачки и сркастично сакаже да ги престави Фрчковски, таму имаше горд македонски народ, бранители кои како секогаш се со својот народ и во функција на своја држава. Срамно е што и од нивните матични партии немаше ниту извинување ниту оградување. Тоа дополнително влијае за кревање на напнатоста и свесно и намерно создавање на раздор – велат во Бедем кои како здружение на бранители го поддржаа и присуствуваа на собирот.
Тие додааат дека бранителите го даваат и ризикуваат својот живот за оваа држава и никој, а најмалку ликови како Пендаровски и Фрчковски имаат право да го валкаат и потценуваат нивното дело.
–Овие луѓе немаат ниту една тула вградено во оваа држава, туку напротив сите функции кои што ги извршуваа беа за лично богатење, и личен интерес – велат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





