По успешните настапи во Кичево, Штип и Свети Николе, како дел од мини турнејата низ градовите во земјата, Македонската филхармонија на 21 мај (четврток) гостува и во Струмица, во Домот на културата „Антон Панов“, каде во 20 часот ќе одржи симфониски концерт под палката на маестро Борјан Цанев.
Оркестарот на Македонската филхармонија пред струмичката публика ќе се претстави со дела од Бах, Моцарт, Дворжак, Чајковски, Хачатуријан, Гуно, Елгар, а ќе го изведе и познатото „Пајдушко“ од македонскиот композитор Сони Петровски.
На 13, 14 и 15 мај, филхармонијата гостуваше во Домовите на култура во Кичево („Кочо Рацин“), Штип („Ацо Шопов“) и Свети Николе („Крсте Петков Мисирков“), каде што настапи со дневни детски симфониски концерти со познатата приказна „Петре и волкот“ од рускиот композитор Сергеј Прокофјев. Повторно под палката на маестро Цанев и актерот Мартин Јорданоски, кој ја има улогата на наратор, Македонската филхармонија настапи во преполни сали и беше испратена со овации од младата публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



