Турскиот писател Ахмет Умит, кој учествува на третиот книжевен фестивал „Про-За Балкан“, денеска од 16.30 до 17 часот ќе има средба со македонските читатели во просториите на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.
Ахмет Умит (Газиантеп, 1960) е еден од најпознатите турски современи писатели кој пишува детективски и криминалистички романи. Неговите романи „Мементо за Истанбул’’ и „Магла и Ноќ’’ се преведени и на македонски јазик.
Дипломирал во 1983 на Универзитетот „Мармара“ на отсек јавна администрација, а студирал и на Институтот за општествени науки во Москва.
– Книгите на Ахмет Умит се преведени на повеќе од дваесет јазици. Некои негови романи и раскази се користат како помошен учебник во училиштата, информира Институтот „Јунус Емре“, каде што авторот од Турција попладне ќе подарува автограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст