| четврток, 6 декември 2018 |

Филипинската економија со економски раст од осум отсто

раст

Филипините годинава ќе остварат економски раст од 8 отсто, што значи дека на крајот на 2015 година државата со 100 милиони жители ќе има БДП од 295 милијарди долари.

Оптимистичката проценка за економијата ја соопшти денеска филипинскиот министер за информации Сони Колома, а проценката е направена според движењата во економијата во првите четири месеци на годинава.

Филипините и годинава ќе имаат голем проблем во остварувањето на прокламираната политика за елиминирање на сиромаштијата.

Амбициозната програма на претседателот Бенињо Акино од 2011 година, да го намали процентот на сиромашните од 30 на 10 отсто од населението не ќе се оствари ни годинава, иако бројката на сиромашните е намалена за повеќе од 10 милиони.

Филипините со бруто приход од само 2.880 долари по глава на жител и натаму се во групата на држави од југоисточна Азија со ниски приходи по глава на жител, но и држава со огромни социјални разлики во која околу пет отсто од населението имаат екстремно високи приходи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top