Новиот штрајк на германските машиновозачи, поради кој запреа две третини од возовите во Германија, предизвика огромен метеж, а според проценките, националната економија ја чини околу 100 милиони евра дневно, јави дописникот на МИА од Берлин.
Штрајкот, кој за разлика од предходниот на средината на април беше привремен, сега нема точен термин кога ќе биде прекинат, односно според синдикатот на машиновозачите, ќе трае до исполнување на нивните барања.
Во прекин се и најдолгите линии кои превезуваат патници низ цела Германија, но најголем проблем има со линиите што ги поврзауваат малите населени места со големите бизнис центри од каде што секојдневно се превезуваат десетина милиони патници.
Штрајкот што започна денеска е деветти во последнава година и според најавите, ќе биде најдолг во 21-годишната историја на „Дојче Бан“ и ќе претставува голем удар за најсилната европска економија
Дел од експертите смеаат дека доколку трае 10 дена штрајкот може го намали бруто домашниот производ во вториот квартал за 0,1 процентни поени.
Синндикатот на машиновозачите кој брои околу 20.000 членови бара зголемување на платите од пет отсто, пократка работна недела и право да ги претставува другите работници во компанијата, како што се вагонските стујарди.
Компанијата „Дојче Бан“ која има околу 200.000 вработени, се согласува на зголемување на платите за 4,7 отсто и на изплата на еднократен надомест од 1.000 евра, но не дозволува синдикатот на машиновозачите да преговара во име на другите вработени.
Во новата германска транспортна криза активно се вклучија и политичарите, а канцеларката Англа Меркел побара двете страни да најдат медијатори што би ги забрзале преговорите и би нашле решение за застојот во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.